Росана откри новости: „Отидов кај Александар и ми се разбудија пеперутките, немаше враќање назад“

Македонската фолк-пејачка Росана Сариќ-Тодоровска веќе многу долго време ја нема на музичката сцена. Не се појавуваше ниту по емисии, ниту пак вадеше нови песни. Но во интервју за „Фокус“ таа откри дека наскоро повторно се враќа на својата љубов- музиката и подготвува настап на музичкиот фестивал „Макфест“ на 11. октомври.

-На своја иницијатива се повлеков од сцената поради повеќе причини. Долга приказна е тоа… Поради мојата скромност и почит кон истата сцена, јас молчев… Секојдневно слушав прашања и коментари, зошто ме нема, како недостигам на сцената, сфатив дека луѓето ме сакаат, а поголемо од тоа нема! Но, гледајќи ги нештата последните години, како функционира нашата естрада, едноставно не се пронаоѓав таму.

Паузата од ,,Макфест” е навистина долга, поминаа години. Исто и фестивалот на народни песни ,,Валандово” како и ,,Макфест” ми е посебно драг, оставивме посебен печат со евергрините засекогаш. Кам бекот, односно мојот настап на претстојниот ,,Макфест” се случи непланирано, но за мене ова учество ќе биде посебно – раскажа Росана за „Фокус“. 

Вели дека дека неодамна ѝ се јавил композиторот Александар Митевски, кој ѝ кажал дека има песна за неа која мора да ја слушне. По кратко двоумење се согласила, и отишла да види за што станува збор.

-Веднаш штом Митевски ми ја пушти песната ми се појавија пеперутките во душата! Сфатив дека песната навистина е за мене, шлагер од некои времиња… Се пронајдов во песната, немаше враќање назад, ја прифатив. Потоа решивме да се пријавиме на ,,Макфест”. После толку години, на мое огромно задоволство со една мала доза на резерва ќе пеам една фантастична балада, со искрен и реален текст, каде покрај младите настапувачи и останатите жанрови ќе се обидеме да го вратиме барем малку времето на шлагерот – вели Тодоровска.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2019 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега