Роми Обединети од Македонија: Згрозени сме од изјавата на Амди Бајрам

 

Политичката партија Роми Обединети од Македонија – РОМ реагираат на изјавата на Амди Бајрам за „Макфакс“ во која рече дека законот за јазици е уставно неуставен, но дека ќе гласа за него.

„Како политичка партија во која најголем дел се млади и перпективни Роми интелектуалци, се чувствуваме навредени и згрозени од изјавата на пратеникот Амди Бајрам во врска со Законот за употреба на јазиците. Познато ни е нивото на образование и интелегенција на Амди Бајрам која е отсликана во една виц личност и во тој контекст е и неговиот став и мислење за Законот за јазици. Имено, познати ни се многу негови вицови, но овој е веќе навредлив за нас како заедница и повеќе не може да се толерираат изјави од една виц личност која години наназад како ромска заедница ни залепи безброј стереотипи и вицови“, велат од партијата.

 

Сакаме да укажеме, велат од РОМ, пред сè како млади Роми интелектуалци дека за нас е неприфатливо и понатаму ставови на заедницата да бидат изнесени од една личност која го нема ни политичкиот, ни моралниот, ни етичкиот кредибилитет да збори во име на нашата заедница.

„За нас законот за јазици е само еден политички договор помеѓу две партии, кој рефлектира афирмација и унапредување само на една заедница во државата, а за сите останати заедници ваквиот закон е дискриминарички и асимилирички. Неприфатливо е за нас како ромска заедница освен македонскиот службен јазик, задолжително да го познаваме и во некои општини од државата и употребиме албанскиот јазик. Па зар никој не е свесен за тешкотијата и дополнителниот напор и бариера која ја ставаат за ромските деца со овој закон, со задолжителни две службени јазици, мајчиниот и дополнително странските јазици. Па зар никој не е свесен дека употребата на јазик, не ни ја решава сиромаштијата, маргинализиција и можноста за нормален живот. Па зар никој не е свесен дека јазикот е најмалку битен ако имаме квалитетен и добар живот“, прашуваат од Роми Обединети од Македонија.

 

 

 

12.03.2018 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа