Рокфелер повеќе не се најбогати на светот, но дали се најмоќни - две организации даваат одговор на тоа

Откако во втората половина на 19. век Џон Д. Рокфелер изградил империја во Америка благодарение на „Стандард оил“, компанијата која до крајот на 1870 година држела над 90 отсто од нафтата во САД, Врховниот суд во САД донел одлука во 1911 година дека компанијата мора да се подели на 34 помали фирми.

Рокфелер задржале пропорцинални удели во сите новонастанати фирми, а нивното лично богатство дури и се зголемило, иако им било намалено влијанието во нафтената индустрија. Џон Рокфелер починал во 1937 година оставајчи повеќе финансиски фондови зад себе - во рацете на своите машки потомци. Од таму се поставува прашањето каде се сега сите тие пари?

Преостанатите Рокфелери, според „Форбс“, 2016 година имале комбинирана нето вредност од 11 милијарди долари, што и прави дури 23. најбогато семејство во Америка. И понатаму се тоа многу пари, но ни приближно колку што некогаш имале, пишува „Гранџ“.

Рокфелери не се збогатиле како добри луѓе. Всушност тие се практично „лоши момци“ кои секоја прилика ја користеле за да можат да крадат од други луѓе. Како што пишувало во весниците во 1911 година, изворните сопствениците на железницата всушност завршиле со положување на пругите. Тие сакале да градат терминали, но им недостасувале пари.

Тука на сцена стапил Фредерик Гејтс, човекот кој управувал со добротворните донации на Рокфелер, а кој тогаш објаснувајќи им на сопствениците дека Џон Д. ја следел изградбата на железницата рекол дека ќе им позајми пари. Луѓето прифатиле заем од 420.000 долари. Два месеци подоцна, Рокфелер им рекол дека мора да му ги вратат парите поради некој „финансиски срам“.

Луѓето имале доволно причини да го мразат ова семејство, па ги нарекувале крадци, убијци на жени и деца, манипулатори и целосни лажговци.

Теориите на завера поврзани со Рокфелер се движат од општествени до бизарни. Имено, тие долго време се поврзувале со идејата на тајната светска влада, позната под називот Нов светски поредок. Секако во прилог на теоријата идат две институции кои ги покренале Рокфелер, една е Тилатералната комсија, а друга е Билдберг групата.

Теоретичарите на завера веруваат и дека Рокфелер го контролираат и американскиот долар со помош на федерални резерви, а сето тоа со останатите „масонски“ семејство како што се Ротшилд, Варбург, Голдман Сач, Леманс и Кун  Леб - сите главни ликови во водечките теории на завери. На теоретичарите сепак најинтересна им била улогата на семејството Рокфелер во Банката за меѓународни намени сместена во Базел, која првобитно била основана за да го спаси изгубеното во Првата светска војна, а подоцна почнала да служи и како банка на светските централни банки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2019 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега