Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска од Прилеп порача дека пристапувањето во Европската Унија е строго дефинирано со постојните договори и дека во нив не постои опција за членство без право на глас или без право на вето. Ова доаѓа како директен одговор на идеите што неодамна ги пласираше премиерот Христијан Мицкоски за влез на земјите од Западен Балкан во Унијата во некаква комбинација која би исклучувала право на глас.
Рокас појасни дека за каква било промена на овие правила е потребна едногласност од сите земји членки, што во моментов не е случај.
„Процесот на пристапување во ЕУ е дефинират во договорите. Не постои такво нешто кое би предвидувало секоја успешна земја што ќе ги исполни условите да го нема правото на глас или, пак, да го нема правото на вето. Во моментот договорите на ЕУ се такви какви што се и остануваат. Врвен приоритет за вашата земја сега е да продолжи со реформите“, изјави Рокас.


