Родригез навистина се потрудил: Нема да верувате колку чини свршеничкиот прстенот на Џенифер Лопез

Поранешниот играч на бејзбол Алекс Родригез се сврши со својата долгогодишна девојка, светската музичка ѕвезда џенифер Лопез.

Чинот на нивната свршувачка се случи за време на нивниот романтичен  одмор на Бахамите.

Алекс на плажа клекна пред Џенифер со прстен во рацете и ја праша дали сака да му биде жена.

Популарната Џеј Ло не размислувала многу, туку веднаш ја прифатила понудата за брак.

-Џенифер не можеше да престане да гледа во прстенот. Го обожува, таа нон стоп повторува дека чинот на свршувачката  било нешто најдобро досега, истакнал извор близок на познатиот пар.

Медиумите сега шпекулираат за цената на големиот дијамантски прстен кој Алекс и го даде на Џенифер.

Алекс за свршеничкиот прстен издвоил вистинско богатство, дури 5 милиони долари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2019 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега