Роднини со куршуми си ги решавале имотно-правни односи

 

 

 

Вчера во 18.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Медицински центар Куманово со повреда во нога од огнено оружје бил донесен М.М.(40) од с.Липково, кумановско.

„Според негово кажување, повредата со пиштол му ја нанел неговиот роднина и сосед Р.М.(58) од с.Липково, околу 17.30 часот во неговата викенд куќа во близина на с.Липково, со кого имале нерасчистени имотно-правни односи.

За случајот е известен Јавен обвинител, а по издадена судска наредба од Основен суд Куманово бил извршен претрес во дом и други простории на Р.М., каде биле пронајдени пиштол „ЦЗ“ со рамка и два куршума и пиштол „Пиетро Берета“ и празна рамка“, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

14.08.2022 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа