Родителите внимавајте: Нов опасен тренд се појави на социјалните мрежи - меѓу децата се шири лош предизвик

На социјалните мрежи актуелен е уште еден опасен тренд меѓу младите.

Предизвикот е да се изеде мраз кој виси на крововите. Експертите предупредуваат дека вакво нешто е многу опасно по здравјето, затоа што може да дојде до труње поради штетните материи кои се наоѓаат во тој мраз, па дури и птичји измет.

Социјалните мрежи и меѓу младите во Србија го донеле новиот предизвик, тинејџерите масовно вадат мразови од прозорците и крововите, а потоа ги јадат. Снегот кој наврна по градовите, без оглед дали е жолт или не, содржи многу штетни отрови, предупредуваат експертите. Еден експеримент спроведен во 2016 година покажал дека само еден час откако снегот наврнал, бил полн со опасни отрови за луѓето.

Специјалистот за општа медицина, Бранка Грујиќ наведува дека ваквиот тренд е многу опасен и предупредува дека доколку изедете еден мраз од надвор, исто е како да сте испиле затруена вода.

-Младите на овој начин себеси сериозно си го загрозуваат животот. Дали некогаш би испиле, студена загадена вода. Еден мраз е како тоа да сте го направиле. Де не зборувам што содржи таквиот одмрзнат мраз, валканици, птичји измет... Може да дојде и до труње, но секако никако не треба да се лиже - предупредува Грујиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2021 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа