Родителите на Виолета го пуштиле нејзиното момче во домот не надевајќи се на трагедија - морничаво убиство во Србија

Триесет и тригодишниот Душан П. е уапсен под сомнение дека до смрт ја избодел неговата девојка, 19-годишната Виолета Ј. од Баталаге, Србија. Според неофицијални информации, тој не влегол тајно во домот, туку родителите на Виолета го пуштиле не помислувајќи на трагедија.

Како што Курир.рс неофицијално дознава, Душан утринава отишол во домот на Виолета и него го примиле нејзините родители, па заедно чекале несреќната девојка да се врати од ноќна смена.

Кога се вратила, татко ѝ наводно излегол кратко во дворот, а ни мајка ѝ не била во истата просторија со парот, па Душан го искористил моментот и крвнички ја избодел.

Ubijena Violeta

Како што пишуваат српските медиуми, на убиството веројатно претходело раскинување, кое Душан по се изгледа не можел да го прифати.

Осомничениот Душан после злосторството седнал во автомобил и заедно со таткото на Виолета, ја однел жртвата во болница.

Оттаму избегал, но полицијата брзо го уапсила. Девојката им подлегнала на повредите, а Душан во наредните 48 часа ќе биде сослушан во Вишото јавно обвинителство во Шабац.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2019 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега