Родителите на учениците утре излегуваат на протести против дигитализација на учебниците

Родителите од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ утре излегуваат на протест протест Законот за учебници со чие донесување дигиталните учебници би станале примарни материјали за учење на учебниците.

Протестот доаѓа откако МОН не ги прифати нивните барања кои минатата недела ги доставија.

Според најавите од  Иницијативата, протестот во Скопје ќе почне од пред Министерството за образование и наука, а во другите градови збирното место ќе биде пред општинските згради.

Од ресорното министерство објаснуваат дека реформата во образовните систем е неопходна и дека процесот ќе тече етапно.

-Реформата на образовниот систем е потребна и според мнозинството наставници и родители, дури и задоцнета. Со новите наставни програми, учениците се ставаат во центарот на образовниот систем. Министерството за образование и наука ги разбира дилемите што ги имаат родителите. Промените од есен ќе стартуваат во прво и четврто одделение-велат од МОН.

Реформите во образованието предизвикаа големи реакции во јавноста. Иницијативата, освен барањето за повлекување на предлог-Законот за учебници бара и ревидирање на останатите најавени реформи, како што е интегрирањето на повеќе предмети во еден, како и воведувањето на сексуално образование.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега