Родители на невакцинирани деца со тужба против Филипче и Адеми

Управниот суд ќе одлучува за иднината на првачињата кои останаа надвор од училишните клупи бидејќи се невакцинирани, а група родители поднеле тужба поради кршење на уставното право за задолжително образование против министерот Филипче и Адеми.

-Се крши уставното право за задолжително образование, да ги исклучувате и да создавате необразовани деца во 21 век. И министерот за обраозвание не го почитува Уставот, иако и вакцинацијата е задолжителна но во друг сегмент, во основното образование нема таков услов. Ако веќе функционираат, а не фунцкционираат, требало порано сите деца да бидат вакцинирани а не сега на 7 години да го тераат да прима вакцина која е на 9 месеци. Ако добеме негативна одлука ќе одиме до Стразбур, вели Звонко Давидовиќ, адвокат од адвокатско друштво Давидовиќ Јанковиќ, пренесе Сител.

Од друга страна, министерот за здравство не отстапува, па вакцинацијата останува задолжителна за упис во училиште и градинка.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега