Родители молат да се затвори сајтот Ask.fm откако неколку тинејџери си го одземаа животот

Бидејќи четири тинејџери си го одземаа животот поради тоа што биле исмејувани, малтретирани и тероризирани на Интернет на сајтот Ask.fm, родителите загрижено бараат тој да биде укинат.

Според британски Дејли Меил, последна жртва на навредите од корисниците на сајтот е 14-годишната Хана Смит. Нејзиниот татко, Дејв, покренал петиција за затворање на спорниот сајт, а испратил и апел до британскиот премиер Дејвид Камерон.

Во април, животот со бесење си го одземал и 15-годишниот Џош Усворт, кој исто такак била жртва на навреди на сајтот, како и тинејџерки од Ирска, Кјара Пагзли и Ерин Галагер кои биле исмејувани на сајтот.

Според родителите сајтот треба да се затвори бидејќи дечињата се незаштитени на овој Интернет простор.

13:22

најчитано сега