Родители донеле мртво новороденче во болница во Битола

Мртво новороденче било донесено вчера од страна на родителите во Клиничката болница во Битола, соопштија од битолската полиција.

„Вчера околу 13:35 часот од Болницата во СВР Битола било пријавено дека кај нив е донесено починато новороденче без траги на насилство.

Бебето во болница било донесено од страна на родителите Р.А.(24) и Р.Н.(24), двајцата од Битола. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе ќе биде предадено за обдукција“, соопштуваат од полицијата. Од СВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега