Родилка и нејзиното бебе починале на ГАК

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје вчера вечер животот го загуби родилка, откако претходно починало и нејзиното бебе, потврдуваат од таму за Канал 5.

Бил извршен оперативен зафат со царски рез над родилката и било констатирано дека бебето е мртво.

Потврдила директорката на Гинекологија, Викторија Јовановска која повеќе детали најави во текот на денов.

Жената која се пораѓала во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ ова и била 12-та бременост, досега имала шест абортуси и шест раѓања. 

 Од фамилијата на родилката велат дека таа на Гинекологија била однесена завчера, па откако било направено Це Те Ге на детето и според нив, констатирано дека било се во ред, за што поседуваат и документ како што тврдат. Од  Клиниката, пак, на жената и кажале дека Це Те Ге- то е добро и не е добро и и рекле за саат време да се врати назад на уште една проверка, но, кога ја побарале, таа била замината дома.

Според роднини на родилката откако наводно и било кажано да дојде наредниот ден на нов преглед ,по два часа од прегледот направен вчера на пат кон дома, како што објаснуваат нејзини роднини, родилката прокрварела и била повторно вратена назад, по што била подложена на царски рез.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2020 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега