Родени за шефување и голема кариера - два најуспешни знаци во Зодијакот

 

Дали станува збор за положба на планетите, кои го одредуваат полето на успехот и способноста за снаоѓање на раководечка функција, не се знае, но овие два хороскпски знаци дефинитивно се најдбори кога станува збор за шефовска позиција!

Овен

Овенот во себе носи најизразени црти на лидерство и авторитет. На патот до успехот за него не постојат препреки. Неговите најголеми врлини се креативноста и динамичноста, но најмногу го кочи тврдоглавоста и честите промени на расположението. За своите вработени тој е ноќна мора бидејќи секогаш го бара максимумот од нив, без никакви исклучоци. Но, од друга страна пак, овие барања секогаш се многу јасни и прецизни.

Јарец

Јарецот поради својата доминантна природа е роден да шефува. Тој сака добра организација, поточно ред, како и дисциплина за да може добро да работи. Тој е голем зависник од работата и способен е да го извлече најдоброто од другите, додека истовремено се труди и неговите вработени да имаат одлична заработка. Исто како и Овенот, така и тој е тврдоглав, но најголемиот негов проблем е што цврсто верува дека знае најдобро и дека е незаменлив.

 

 

 

15.12.2017 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа