РКЕ реши: Нови цени на горивата од полноќ

 

 

 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,610%, кај дизелот за 1,943%, кај екстра лесното масло за 1,302% и кај мазутот за 4,368%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит, Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,859 ден/кг и сега ќе изнесува 50,044 ден/кг.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 101,00 (денари/литар)

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 103,00 (денари/литар)

- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 100,00 (денари/литар)

- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 98,50 (денари/литар)

- Мазут М-1 НС - 50,044 (денари/килограм)

18.07.2022 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега