РКЕ одлучи: Позната е новата цена на струјата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)донесе одлука за новата цена на струјата која во сила ќе влезе од први јули. Според првиот човек на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски, просечната цената за електрична енергија за 98,8% од домаќинствата ќе се зголеми во просек за 7,4 %.

 -Без блок тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства за 17,74%, наместо за сегашните 7,4% за 98,8% од домаќинствата. Со оваа реформа на тарифниот систем се штитат најранливите категории, рече Бислимовски на прес-конференцијата.

Новите цени за универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, кои ќе бидат на сила од 1јули 2022 година се димензионирани скалестопо блокови, така што оние кои трошат помалку електрична енергија ќе плаќаат пониска цена, за разлика од оние кои имаат поголема потрошувачка ќе плаќаат поскапа електрична енергија,посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

 

СМЕТКИ ЗИМА

-  

59.9% ќе имаат покачување од 6.6%

-  

35.5% ќе имаат покачување од 6.7% до 8.8%

-  

3.4% ќе имаат покачување од 8.8% до 11.2%

-  

1.2% ќе имаат покачување од 11.4% до 99.5%

 

СМЕТКИ ЛЕТО

77.2% ќе имаат 6.7% покачување

21.8% ќе имаат покачување од од 6.7% до 8.8%

0.7% ќе имаат покачување од 8.8% до 11.3%

0.2% ќе имаат покачување од (11.4% до 100%)

Во зависност од блоковите, во зима 59,9% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметкиза 6,6 %, додека 35,5% ќе имаат зголемени сметки од 6,6% до 8,8%, 3,4% од потрошувачите ќе добијат  зголемени сметки од 8,8% до 11,2% и само 1,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 99,5%.Во летниот период во зависностод блоковите, 77,2% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 %, додека 21,8% ќе имаат зголемени сметки од 6,7% до 8,8%. Само0,7% од потрошувачите ќе добијат  зголемени сметки од 8,8% до 11,3% и 0,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 100%.

29.06.2022 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега