РКЕ одлучи: Нови цени на горивата во Македонија

Регулаторната Комисија за Енергетика овој понеделник стандардно како и секој во неделата, ги објави новите цени на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.75%.

Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 0.5 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 68.00 денари.

 

Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалуваат за по 1.00 денари. Еден литар 98-октански бензин ќе чини 70.00 денари, додека еден литар дизел ќе чини 62.00 денари.

Цените важат од полноќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2019 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега