РКЕ одлучи: Горивата поевтинуваат по празниците

За половина денар поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 68 денари за литар, 70 денари ќе чини литар Еуросупер БС-98,  62,5 денари на Еуродизел (Д-V), a 51,5 денари литар ЕЛ-1.

Цената на мазутот M-1 HC се зголемува за 0,305 денари и килограм од тој енергенс ќе се продава за 38,548 денари.

Намалувањето на цената на нафтените деривати во просек изнесува 0,48 проценти. Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика е донесена врз основа на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во  однос на доларот во изминатите седум дена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.01.2020 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега