РКЕ најави голема измена: Нова цена на бензинот и дизелот

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одржи подготвителна седница.

На подготвителната седница на РКЕ ќе се разгледува Предлог-текст на правила за пазар на природен гас. 

Новите цени на горивата од вторник граѓаните ќе ги дознаваат на бензиските пумпи. Нејзиниот мандат за утврдување на цените на дериватите истекува во понеделник на полноќ кога истекува договорот со ОКТА според кој функционираше старата методологија за утврдување на цената, пренесе Плусинфо.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека добиле уверување од трговците дека нема да се создаде ценовен шок и ќе се следат цените на светскиот пазар.

Цената на горивата, според новата методологија, ќе се пресметува според движењето на цените на светските берзи и средниот курс на доларот, а во пресметката ќе бидат вклучени и трошоците на трговците за набавка, складирање и транспорт. Дополнително ќе се одреди и маржа за профит на трговците, но според регулаторите заработувачката ќе мора да биде разумна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2019 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега