РКЕ донесе одлука: Се зголеми цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика штотуку ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Цените на бензините останаа исти како минатата недела, но цената на дизелот се зголеми за половина денар.

Со тоа, ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 ден/лит,  а на ЕУРОСУПЕР БС-98 71,50денари за литар. 

 ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) сега се продава за 52 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 1,162 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 35,343 денар.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2019 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега