Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 % во однос на одлуката од 22.09.2025 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,644 ден/кг и сега ќе изнесува 37,591 ден/кг.
Од 30.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,591 (денари/килограм)
- Тренчевска: Цените растат, наместо за народот власта работи за богатите
- Ковачки: Македонија постојано покажува дека е сигурен и одговорен европски партнер, пристапувањето мора да засновано на заслуги, владеење на правото и економско усогласување
- Владата ги продолжува мерките: Поевтини горива до 4 мај, се очекува дополнително намалување на цените
- Филипче во Барселона се сретна со премиерот Санчез: Градиме партнерства со лидери кои делат исти европски вредности
- Муцунски во Анталија: Вложувањето во младите е директна инвестиција во иднината на регионот
- Петровиќ: Мицкоски да им се извини на културните работници за навредите
- Сообраќаен хаос за 24 часа: 15 приведени возачи низ Македонија
- Црн биланс на семејното насилство: Три апсења и четири пријави за напади врз најблиските во едно деноноќие



