Рита Ора повторно ги шокира Британците со својата корона роденденска забава

Поп-sвездата Рита Ора организирала забава за 30-тиот роденден во саботата вечерта во ресторанот Каза Круз во Нотинг Хил во Лондон - поканила 30 пријатели, но забавата заврши со полициска интервенција.

Имено, англиската пејачка со косовско потекло ги прекршила епидемиолошките мерки за забрана за собирање, за што е казнета со 10.000 фунти.

Јавноста е бесна со причина: „Додека сите седат дома поради коронавирус и страв од инфекција и немаат социјален живот, таа смета дека може да се забавува само затоа што е позната и богата“, коментираат многумина.

Засрамена, Рита се извини за својата „сериозна и непростлива грешка во проценката“, дури го откажа гостувањето во ТВ-емисијата „Џонатан Рос шоу“, но во исто време, пишува The Mirror, очигледно желна за одмазда, започнала приватна истрага за да се најде кодошот кој ја пријавил во полиција.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by RITA ORA (@ritaora)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа