Ристески: Новите министри немаат ни план, ни програма

„На 10 месеци пред избори се ставаат министри анонимуси само поради теснопартиски калкулации стапувајќи на должност без никаков план и програма. Овде јасно е дека жртва е и ќе биде на оваа рашаманијада државата и граѓаните“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески на денешната собраниска седница.

Тој додаде дека јасно е како ден дека приклучувањето кон владејачкото мнозинство е чисто од лукративни причини.

Ристески посочи дека македонските граѓаните нема да имаат никаков бенефит од сиот овој меѓупартиски пазар бидејќи овде се поаѓа од теснопартиски а не граѓански интереси.

„Оваа пазарџиска реконструкција се случува на само помалце од една година пред регуларните парламентарни избори па така новиве министри нема да имаат никаква шанса за толку кратко време реформски процеси и капитални проекти освен да распишуваат тендери, да договараат набавки во четири очи и да склучуваат криминални зделки“, изјави Ристески.

Тој истакна дека граѓаните нема да имаат никаква подобра здравствена заштита, образование и нема да се спроведуваат реформи во правосудството.

 

Ристески е дециден дека со реконструкцијата следува ново полнење на администрацијата што ќе ги вработуваат партиите а ќе ги плаќа народот.

23.02.2023 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега