Министерството за здравство тргнува во војна против пушењето со нов, ригорозен предлог-закон. Како што соопштија од ресорот на министерот Азир Алиу, се подготвува целосна забрана за рекламирање, промоција и спонзорства од страна на тутунската индустрија, која ќе ги опфати и социјалните мрежи.

Што предвидуваат новите законски решенија?

  • Тотален мрак за реклами: Забрана за објави во медиуми, интернет и на социјалните мрежи.
  • Скриена промоција: Крај за наградни игри, попусти и подароци поврзани со тутунски производи.
  • Трафиките се менуваат: Цигарите и никотинските производи повеќе нема да смеат да бидат јавно изложени на продажните места (под рафт).
  • Угостителство: Забрана за продажба на тутун во кафулиња, ресторани, спортски и културни објекти.

„Заштитата на децата е апсолутен приоритет. Јавното здравје има предност пред комерцијалниот интерес“, дециден е министерот Алиу.

Exit mobile version