Рибар во Велес нашол граната - надлежните интервенирале

На 14.08.2022 година во 08.25 часот во СВР Велес било пријавено дека рибар кај место викано „Мало мовче“ од водите на р.Вардар во Велес вади граната, информираат од МВР.

Во содејство со Дирекцијата за заштита и спасување гранатата е обезбедена и извлечена од водите на реката Вардар.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

15.08.2022 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега