Ревакцинирани се вкупно 690.806 граѓани

Здравствените власти известуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Досега вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а ревакцинирани се 690.806 граѓани.

Вчера вкупно се вакцинирале 12.062 граѓани, од кои прва доза вакцина вчера примиле 2.955 граѓани.

55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина.

31% од населението над 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста“-истакнуваат од МЗ.

 

21.09.2021 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега