Ресенчанец нападнал општински службеник

63-годишен жител на Ресен вчера нападнал вработен во општинскиот сектор за урбанизам, по што бил уапсен.

„На 06.06.2023 во Ресен, полицајци од ОВР Ресен го уапсиле И.М.(63) од Ресен затоа што во зградата на општина Ресен физички нападнал вработен во Одделението за урбанизам во општина Ресен“, се вели во полициското соопштение.

По целосна анализа и документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

07.06.2023 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега