Репортер ги преплаши водителите откако се јави во живо додека надоаѓаше ураганот Лаура (ВИДЕО)

Репортерот на Ен-Би-Си Њуз Џеј Греј се јави во живо во утринската програма известувајќи за ураганот Лауира кој ги погоди САД, а снимката преплаши голем број од гледачите.

Тој известуваше од Лејк Чарлс во Луизијана, а во еден момент ветрот го однесе.

-Ова е мало затишје, но чувствувам дека повторно доаѓа. Можете да почувствувате како се засилува, вели Џеј.

Водителите во студио беа во неверување, па ја скратија програмата и од него побараа да се врати на безбедно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.08.2020 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега