Ременски во Обвинителство: Врши увид во доказите за „Меѓународен сојуз“

Пратеничката Фросина Ременски дојде во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да изврши увид во доказите кои ги собрало Обвинителството во истрагата за невладината органзација „Меѓународен сојуз“ на која таа беше почесен претседател.

Освен Ременски можност за увид во доказите имаат и првоосомничениот Бојан Јовановски или Боки13 кој сеуште докажува пред Судот дека нее виновен, откако за случајот само Зоран Милевски Кичеец призна вина.

-Врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дојде до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото. Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација, соопштија од Обвинителството, пренесе Фокус.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега