Ременски: Верувам дека метлата ќе биде реализирана

Фросина Ременски од СДСМ во вчерашното гостување на Телма на прашањето во кој дел од власта треба да има „чистка“, одговори дека проблемите на граѓаните главно се од локален карактер.

-Верувам дека метлата ќе биде реализирана, зашто сите ние добивме чест, но и одговорност да ја подобриме ситуацијата. Првичните извештаи на ОБСЕ покажуваат дека демократската атмосфера им дала на граѓаните да изберат дали ќе излезат на изборите или не. Веруваме дека граѓаните се доволно зрели и политички прецизни да проценат што ќе значат пропаднати избори. Реалните проблеми на граѓаните покажуваат дека главно тие потекнуваат од локален карактер, иако имаше и доста критики за централната власт, рече Ременски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2019 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега