Ременски го сменила телефонот четири дена пред отварањето на истрагата Рекет

Потпретседателката на Собранието и осомничена во случајот Рекет во дело за меѓународниот сојуз Фросина Ременски Ташевска имала два телефони и двата и се наоѓаат на вештачење откако и се одземени при претресите во истрагата, пишува „Телма“.

Од обвинителството за Телма потврдија дека сите предмети меѓу кои и телефони на осомничените се на вештачење за дополнителни траги и сознанија потребни за истрагата.  Претрес е вршен во домот на Ременски, додека не е вршен во кабинетот на потпретседателката во Парламентот.

Пратеничката имала два телефонски броја, но истрагата утврдила дека еден од апаратите кој и бил одземен бил нов односно почнала да го користи на 11-ти јули. Телефонот кој претходно го користела не е одземен при претресите. Сега со вештачењето може да се откријат и извадат само податоци од новиот апарат, а за дополнителни анализи на комуникациите обвинителството може да побара информации од операторот чиј број користела пратеничката.

Истрагата за Рекетот е отворена на 15 јули, 4 дена по менувањето на апаратот на Ременска. Тогаш Ременски не беше осомничена иако во написите за случајот претходно се спомнуваше псевдоним Фрики. На 15-ти јули беше приведен Јовановски-Боки 13 кој е осомничен и и во двата крака на Рекетот, Орце Камчев и Меѓународен Сојуз.

Пратеничката Ременски не смее да го напушта Скопје, одлучи судот по барање на обвинителството во истрагата за парите меѓу кои и оние 720 илјади евра дадени од Силјан Мицевски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2019 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега