Рекордна температура измерена на Антарктикот

Температурата на Антарктикот за првпат во историјата се искачи на 20 степени Целзиусови.

На 9 февруари на антарктичкиот остров Сејмур биле измерени 20,75 степени. Претходниот рекорд од 19,8 степени е измерен во 1982 година.

Се чека уште само на потврда од Светската метеоролошка организација. Научниците собираат податоци за температурата на секои три дена, а новиот рекорд го опишаа како „неверојатен и ненормален“.

Аргентинската метеоролошка станица „Есперанса“, што е лоцирана во северниот дел на Антарктикот, на 7 февруари измери 18,3 степени Целзиусови. Со тоа беше соборен претходниот рекорд од 17,5 степени Целзиусови измерени во март 2015 година.

„Есперанса“ ја мери температурата на воздухот на Антарктикот од 1961 година.
Според Светска метеоролошка станица Антарктикот е место каде најмногу е зголемена температурата на воздухот во последните 50 години, при што е забележано пораст на температурата за три степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2020 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега