Рекорден пораст на заразени со вирусот: За еден ден регистрирани повеќе од 230.000 новозаболени, најлоша состојбата во САД


Светската здравствена организација (СЗО) објави уште едно рекордно зголемување на бројот на потврдени случаи на коронавирус за 24 часа, бидејќи повеќе од 230.000 биле регистрирани ширум светот во саботата.

СЗО објави дека САД повторно се на врвот на списокот на земји со повеќе од 66.000 случаи регистрирани за еден ден.Трендот на потврдени случаи на Ковид-19 продолжува да расте. Во петокот, во текот на 24-часовниот период беа потврдени 228.000 нови случаи на инфекција со коронавирус ширум светот.

Досега се пријавени повеќе од 12,5 милиони потврдени случаи ширум светот, додека повеќе од 561.000 луѓе починале. СЗО прогласи глобална пандемија на 11 март поради ширењето на коронавирусот.Заедно со Европа, СЗО ги прогласи САД, а потоа и Јужна Америка за епицентар на пандемијата на коронавирус, која за прв пат се појави на крајот на минатата година во кинескиот град Вухан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега