Рекорден број на тестирани, но и на новозаболени со коронавирусот- Србија воведува нови рестриктивни мерки

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 22.837 граѓани за коронавирусот, што е нов рекорд, од кои 7.999 биле заразени, што за жал е исто така рекорден.Додека пак 48 пациенти починале како последица на вирусот.

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок.

Рестриктивните мерки предвидуваат дека угостителските објекти и продавниците, рестораните, кафулињата, трговските центри, игротеките, обложувачниците и сите други продажни и трговски објекти ќе работат до 17 часот, а за викенд воопшто нема да работат – од петок во 17 часот до понеделник до 5 часот наутро.

Продавниците за храна ќе може да работат секој ден до 21 часот и за викенд, а вежбалниците и кината ќе работат до 17 часот секој работен ден и за време на викенд.

Мерките ќе бидат на сила две недели.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега