Рекорден број на новозаразени од почетокот на епидемијата во БиХ

Во Босна и Херцеговина денеска се регистрирани 310 новозаразени о корона вирус, потврдено е од ентитетските здравствени институции.

Во последните 24 часа во федерацијата БиХ тестирани се 1.199 примероци, од кои 196 се позитивни на корона вирус. Вкупно до сега во Федерацијата се тестирани 65.694 примероци, а Ковид-19 откриен е кај 3.320 лица. До сега оздравеле 1.425 пациенти, а активни се 1.822 случаи. Починаа 73 лица.

Претходно беше објавено дека само во Кантонот Сараево регистрирани се 93 нови случаи со корона вирус, и дека едно лице починало.

Во република Српска пак, во последните 24 часа регистрирани се 114 новозаразени. Тестирани се 582 примероци, а пријавен е еден смртен случај.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега