Рекорден број Американци се откажале од државјанството: Драматичен скок во однос на минатата година

Рекорден број Американци се откажале од државјанството во првата половина од годината, покажале резултатите од најновите истражувања.

Како што се наведува, причините за тоа се 'неподносливата политичка атмосфера и актуелната криза предизвикана од коронавирусот'.

Според извештајот на њујоршката фирма „Бембриџ акаунтантс“, специјализирана за имиграциски даноци во САД, повеќе од 5.800 Американци се откажале од државјанството во првите шест месеци во 2020-та година.

Тоа е драматичен скок во однос на истиот период минатата година, кога се регистрирани 2.072 такви случаи.

Алистер Бембриџ, партнерот на њујоршката фирма, укажал дека за време на епидемијата на коронавирусот е зголемен бројот на Американци кои се откажале од државјанството, а кои имаат живеалише во некоја друга земја.

Алистер трендот го објаснува со фактот дека 'американските државјани со престојување во друга земја за време на пандемијата имале време да ги разгледаат своите врски со САД' и дека 'процениле дека политичката клима и годишните даноци се преголем терет'.

Зголемувањето на бројот на луѓе кои се откажуваат од државјанството, особено меѓу девет милиони Американци кои живеат во странство, посебно влијаат сè поголемите даночни правила, навел Бембриџ.

Тој додал дека луѓето се одлучуваат на тој чекор и покрај тоа што мора да платат задолжителен надоместок од 2.350 долари, ако сакаат да се откажат од американското државјанство. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2020 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа