РЕК Битола: Нововработените лица уредно се пријавиле на огласот за вработување кој беше отворен за сите

РЕК Битола на крајот од минатата година распиша два огласи за вработување на вкупно 194 лица. Како што и претходно истакнавме, станува збор за природен процес на обновување на човечкиот потенцијал со кој располага РЕК Битола ако се има во предвид дека во текот на 2019 година на 208 работници им престанал работниот однос по различни основи. Во најголем дел заради остварување на правото на пензија, стои во соопштението на РЕК Биотла.

„Тенденциозно е политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, од една страна, да тврди дека постои непотизам при вработувањето на дел од новоангажираните лица во РЕК Битола, а од друга страна да ја повикува Државната комисија за спречување на корупција да испита дали имало некакво влијание при вработувањето на лицата споменати на прес конференцијата. Сите нововработени лица во РЕК Битола уредно се пријавиле на огласот за вработување кој беше отворен за сите.

РЕК Битола стои на располагање на државните органи задолжени да ги утврдат фактите, да ги испитаат, како што велат од ВМРО – ДПМНЕ, последните сомнителни случаи на вработувања во РЕК Битола, како и сите претходни, почнувајќи од 2006 година. Воедно, РЕК Битола апелира политичките партии да се воздржуваат од непримерните етикетирања на работниците и на комбинатот во целин“, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2020 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега