РЕК Битола ќе ги врати во функција поплавените рудници

 

РЕК Битола донесе акционен план за санирање на последиците од поплавите во рудниците во најголемиот производител  на струја во државата и нивно  целосно ставње во функција. Обилните врнежи во Пелагонискиот регион предизвикаа елементрарна непогода на површинксиот коп,  па во прекин е ископот на јаглен.

Подготвени се краткорочни и среднорочни мерки за ефикасно санирање на штетите, а покрај со сопствените ресурси, доколку е потребно, за реализиација на акциониот план ќе се вклучат Армијата, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, информираат од Државните електрани.

Деновиве со обилните и интензивни врнежи, во  Рудникот Суводол  се слеале околу 630.000 метри кубни вода, што претставува временски феномен незабележан во последните 20 години. И покрај елементарната непогода со која се соочува комбинатот, производството на електрична енергија засега продолжува непречено, согласно планот и потребите на електроенергетскиот систем на земјата, информираат од Дравните електрани. Ова е трета поплава на Рудникот Суводол во РЕК Битола во рок од два месеци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа