Регулаторна пред одлука: Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика утре напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цените на бензините се зголемија, со тоа Еуросупер БС-95 изнесува 73,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 се продава по цена од 75,5 денари за литар. Цената на дизелот од полноќ се намали и изнесува 64 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство останува иста и се продава по цена од 64 денари, а малопродажната цена на мазутот се намалува, и изнесува изнесува  39,360 ден/кг.

16.01.2022 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа