Регулаторна донесе одлука и ги објави цените на горивата кои ќе важат од полноќ

Малопродажната цена на бензините и дизелот не се менуваат оваа недела, намалување, одлучи Регулаторната комисија за енергитика, да има кај екстра лесното масло за домаќинство за половина денари.

Согласно одлуката цените остануваат на ниво утврдено со одлуката од 17 август и ќе се продаваат Еуросупер БС-95 по 59,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 по 61,50 денари за литар, Еуродизелот ќе се продава по 52 денари за литар.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 51,5 денари за литар.

РКЕ ја намали и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,085 денари за килограм и ќе се продава по 26,28 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,352 отсто или за 5,450 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 0,365% или за 1,350 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 0,708 % или за 2,550 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,361% или за околу 1,000 $/тон.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 51,97 денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2020 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа