Регистрирани нерегуларности: Влегувал по куќи и делел пари за гласање, симпатизери попречувале гласачи да влезат на гласачко место

Полицијата денеска утврдила неколку нерегуларности на различни избирачки места:

„Околу 16,50 часот А. Б. пријавил дека на ИМ во ОУ Даме Груев на ул.Серава имало членови на политичка партија кои агитирале и биле без акредитации. По преземени мерки на лице место не се потврдени наводите од пријавата.

Околу 16,20 часот на ИМ бр.2540/1 во ОУ „Дане Крапчев “ пријавено е дека Б. Д. го сликал гласачкото ливче, а гласањето продолжило без прекин. Лицето било предупредено да не го става ливчето во гласачката кутија, но истиот не постапил како што му било кажано и истиот го ставил гласачкото ливче во кутијата. По преземени мерки дадени се насоки лицето да се повика на службен разговор за понатамошна постапка.

Во 17,40 часот известено е дека претставниците на мисијата на ОБСЕ доставиле пријава добиена од страна на анонимен претставник на политичка партија каде пријавува дека околу 12,15 часот испред избирачките места кои биле сместени во основното училиште во село Чегране на постарите лица кои биле носени заради гласање им бил утврден идентитетот. По добиеното известување од страна на службата ќе се извршат дополнителни проверки по однос пријавата.

Во 16,00 часот телефонски било пријавено дека 2-3 лица постојано носат лица за гласање и се шетаат по ходниците.

Во 16,08 часот телефонски е пријавено дека симпатизери на политичка партија стоеле пред врата на избирачкото место и притоа гласачите кои доаѓале да гласаат тешко влегувале на гласачкото место а истото ги иритирало. Се превземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот

Непознато лице телефонски пријавило дека Р.С., влегувал во куќите во село Сарај и делел пари.

Во ПО Ново Село, непознато лице телефонски пријавило дека во с.Ново Село, О.Ѓ. со патничко возило вршел агитирање низ населението и ги присилувал да излезат да гласаат.

II. ПРЕЗЕМЕНИ МЕРКИ ЗА ПРЕТХОДНО ПРИЈАВЕНИ НАСТАНИ

Во врска со претходно пријавен настан дека долж ул.Вашингтонска неколку лица попречувале и им наредувале на граѓаните да не излегуваат на гласање, по преземени мерки не биле пронајдени лица.

Во врска со претходно пријавен настан дека во Богданци биле расфрлени повеќе флаери од политичка партија, излезено е на лице место и утрдено е дека нема елементи на кривично дело.

Во врска со пријавен настан дека родител на А. Ѓ. и истиот со списоци во раце проверувал кој излегол на гласање, извршени се проверки на терен, наведеното лице не е затекнато на местото.

Во вска со настан дека во школото Трифун Пановски во Битола, непознато лице со списоци проверувал нешто кај луѓето кои биле или одат да гласаат, извршени се проверки, а наводите не се потврдени“, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега