Регистрирани 3.625 новозаболени и повеќе од 40 починати од коронавирусот во Србија

Во претходните 24 часа 16.055 граѓани биле тестирани за коронавирусот во Србија, од кои 3.625 биле ново заразени.

41 пациент починал, а 265 пациенти моментално се на респиратор во болници низ Србија.

Да потсетиме, ден претходно, 15.904 граѓани биле тестирани за коронавирусот, од кои 3.615 биле позитивни. 42 пациенти починале, а 267 пациенти биле на апарати за дишење.

Најголемото жариште сè уште е Белград (770), а го следат Нови Сад (235), Ниш (186), Краjeево (86), Панчево (83), Суботица (75), Шабац (66), Лесковац (66), Крагуевац , Чачак (58), Алексинац (57), Смедерево (55), Врање (54), Крушевац (53) и Нови Пазар (53).

Другите градови и општини имале помалку од 50 новоинфицирани во претходните 24 часа.

Вакцинирани се вкупно 2.687.311 граѓани, а вкупно 1.134.776 биле ревакцинирани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега