Регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупно 201 дијагностицирани пациенти

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани  24 нови случаи на коронавирус во земјата.

По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје (123)
- Дебар (43) од кои 2 починати
- Куманово (15) од кои 1 починат
- Штип (8)
- Велес (3)
- Охрид (3)
- Кавадарци (2)
- Прилеп (2)
- Гостивар (1)
- Тетово (1)

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега