Регионот згрозен: Сопстевничка објави видео од девојки како крадат патики, а веднаш потоа тие се вратија

Две девојки украле патики од еден белградски бутик, а сега сопственичката на бутикот објавила и снимка од кражбата.

На снимката се гледа како девојките влегуваат во дуќанот, едната носи јакна во рацете, а другата кеса.

Откако ги симнува патиките од рафтот, девојката од продавачката бара друг број, а штом таа заминува девојката патиките ги додава а другарката и тргнуваат кон вратата, а притоа зима уште едни патики и се обидува да ги турне во рацете на другарката.

Меѓутоа откако е објавена снимката двете девојки заедно со родителите се вратиле во бутикот и го вратиле она што го украле.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2019 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега