Регионот со рекорден број на заразени во последните 24 часа

Според денешните податоци за состојбата со ковид-19 во регионот се забележани рекорден број на заразени.

 

Во Србија се регистрирани 151 новозаразени за последните 24 часа, а од нив најмногу се во Белград.

Во Словенија во претходните 24 часа се регистрирани 387 случаи на коронавирус, што е нов рекорд од почетокот на епидемијата во таа земја, а тестирани се 3.665 лица. Првпат стапката на позитивни случаи е повисока од 10 проценти, а во последните 24 часа почина едно лица, со што вкупниот број на починати порасна на 160. Во Словенија е забележен и рекорден број на хоспитализирани пациенти -131.

Во Хрватска се забележани рекорден број на случаи, дури 542, што е најмногу од почетокот на пандемијата, врз основа на 5.939 тестови. На болничко лекување се наоѓаат 361 пациент од кои 27 се на респиратори.

Во Косово во последните 24 часа не почина ниеден заразен од Ковид-19, така што бројката на жртви на епидемијата останува 638. Вчера се регистрирани 33 новозаразени и 46 излекувани, а од појавата на пандемијата коронавирусот е откриен вкупно кај 15.971 лице, од кои како излекувани се водат 14.189 случаи. Активни носители на вирусот моментно во Косово се 1.144 лица. Вчера се извршени 711, а од почетокот на пандемијата 73.287 тестирања со методот РТ-ПЦР.

–Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 436 нови случаи на Ковид-19, зголемен број во споредба со изминатите денови, со што вкупниот број заразени се зголеми на 21.381 лица. Во изминатото деноноќие од коронавирусот починаа уште шест лица, вкупно 430 од почетокот на епидемијата.

Во БиХ исто така се потврдени рекордни 453 случаи во еден ден, врз основа на 2.288 тестови. Од тој број во Федерацијата БиХ се потврдени 296, а во Република Српска 155 позитивни случаи.

Во Албанија од тестраните 971 сомнителен случај, опасниот вирус е дијагностициран кај 169 што е за сеум случаи повеќе споредено со вчера кога беше забележан највисок број на заразени во едно деноноќие од почетокот на пандемијата.

-Со последно дијагностицираните вкупниот број изнесува 14.899 заразени. Во изминатите 24 часа во списокот на оздравени се впишани 100 лица или 9.215,додека починаа четири лица односно 411 до сега. И понатаму голем е бројот на лицата на кои им е неопходно болничко лекување.Така, од 5.273 активни 228 се хоспитализирани во двете ковид болници во Тирана, соопшти Министертвото за здравство и социјална заштита.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2020 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега