Реџепи трет пат не се појави во Обвинителството

Реисот Сулејман Реџепи и понатаму го игнорира обвинителството кое отвори предмет во кој истражува дали има говор на омраза во неговите изјави за кои имаше лавина реакции.

Тој денеска по трет пат беше повикан да се појави на распит, но, како што информираат од ОЈО,  Реџепи повторно не се појавил, пренесе Канал5.

Од ИВЗ за Канал 5 велат дека тој не бил уредно поканет, но не коментираат повеќе околу тоа дали и кога тој би се појавил во обвинителството.

Инаку, тој се најде на мета на критики откако изјави дека Македонците се диви и затоа немаат идентитет, на поставувањето камен темелник на џамијата во скопското село Арнакија.

Исто така, потоа даде изјава и за судијката окоја ја донела одлуката Бузаку да биде нов поглавар, имала проблеми со здравјето, па според него можело да почине, тој не ја жалел.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега