Реџепи: Со Заев не сум имал комуникација, не ми се јавил, други луѓе од СДСМ ми се јавија

Пратеникот Кастриот Реџепи во гостувањето на ТВ 21 рече дека немал комуникација со премиерот Зоран Заев, но го контактирале други луѓе од СДСМ.

-Не ми се јавил Заев. Нормално е дека се знаеме со него, но не ме побарал, ниту ми се јавил последниве 2 недели. Да Димитров, Оливер Спасовски, Маричиќ, зборувам за првата фаза, вели Реџепи.

Тој додава дека го прашувале што се случува.

-Им реков вашиот претседател ја утна работата. Мислев за Заев. Тој погреши со оставката. Ние како Движење Беса, имавме договор со него како премиер. Он даде оставка. Јас и во ова студио, во ТВ21, изјавив пред 2 недели дека Заев направи грешка со оставката. Реков дека оваа Влада без него е без локомотива, додава Кастриот Реџепи на ТВ21.

 

15.11.2021 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа