Реџепи: Потребна е добра комуникација меѓу власта и опозицијата во Собранието

Ставот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива за одржување онлајн седници и дека на тој начин може да дојде до злоупотреба на правата на пратениците, кои би биле инфицирани од Ковид-19 и оти Собранието има доволно услови и дека се што треба е добра комуникација помеѓу власта и опозицијата.

– Нашиот одговор и на координацијата беше човечки, може ли некој во таква здравствена состојба да се вклучи онлајн, ако е на респиратор поставен и целата јавност да го гледа него како тој се вклучува во Собрание. Тоа е тешка злоупотреба на граѓанските и здравствените права. Собранието има довоолно услови, се што треба е добра координација меѓу опозицијата и власта, изјави Скендер Реџепи, координатор на пратеничката група на АА и Алтернатива.

Мнозинството, потенцира тој, и онака е кревко, така што тие треба да се покажат доста зрели политички во интерес на граѓаните.

– Да седнат заедно сите политички чинители и да се најде соодветен одговор, рече Реџепи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега