Реџепи: Не сакав да бидам заложник на неспособно раководство

Пратеникот Скендер Реџепи кој ја напушти Алтернатива и одлучи да делува како независен вели дека и натаму ќе го поддржува владејачкото мнозинство.

-Се додека Владата ќе се заложува да го започне реализирањето на програмскиот договор со Алтернатива јас ќе бидам тука со убедување дека има време и капацитет да се реализира истата, вели Реџепи.

Во изјава за телевизија Телма вели дека одлуката не била лесна, но била неминовна. Посочил дека чекал тесното раководството на партијата да донесе одлука за подобрување на едноумието во партијата, но наместо тоа, раководството го продлабочила едноумието.

Реџепи вели дека нема да биде заложник на политичко раководство кое ја преполовила гласачката сила на партијата.

-Лично или приватно несогласување со никого не сум  имал потреба да имам. Но, не сум дозволил да бидам заложник на едно политичко раководство кое за помалку од една година ја преполови гласачката сила на партијата, вели Реџепи.

16.06.2022 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа