Речиси во целиот регион денеска бројките на новозаболени од коронавирусот се трицифрени

Бројот на новозаразени со коронавирусот во последниов период речиси насекаде во регионот е троцифрена, па таков случај има и денес.

Имено во изминатите 24 часа, 7.648 лица биле тестирани за коронавирус во Србија, од кои 389 се позитивни.

Во претходните 24 часа починаа уште 9 лица, со што се зголеми вкупниот број на смртни случаи од вирусот на 461.

Во моментов има 187 пациенти на респиратори, а 4.776 на болничко лекување.

Во Хрватска пак во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани нови 116 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број заболени изнесува 1.204.

Меѓу нив 139 пациенти се на болничко лекување, од кои осум на респиратори.

Бројката е троцифрена и во БиХ. Потврдени се 244 нови случаи на зарзени со коронавирус, од тестирани 1.044 примероци.

Како што јавија властите, пријавени се два нови смртни случаи, а починал еден постар маж од Сански Мост и една жена од Горажда.

Вкупниот број на заразени со коронавирус во БиХ сега изнесува над 8.100, со 247 потврдени смртни случаи.

Во Македонија се уште се очекуваат официјалните бројки од Министерсвто за здравство, а во текот на вчерашниот ден беа потврдени нови 164 случаи со  КОВИД-19 од 1.612 тестирања

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.07.2020 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега